септември 20, 2024

Во времето на владеењето на СДСМ и ДУИ од 2017 година до Мај оваа година беше реткост да се видат сериозна градежна механизација и работници на автопатот Охрид – Кичево а сега патниците можат да забележат огромен број на машини и луѓе кои сериозно работат на проектот кој започна во февруари 2014 година.

,,Се интензивира работата на „охридскиот дел“ од автопатската траса Охрид-Кичево. Се повеќе работници и градежни машини, се асфалтира, се средува делницата”, објави денеска на Фејсбук портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски кој е поранешен претседател на Советот за безбедност во сообраќајот на Охрид со мандат од 2014 до 2019 година.

Министер за транспорт и врски кој е одговорен за побрзо завршување на проектот и за новата слика на автопатот каде досега се забележуваше мала градежна активност е Александар Николовски.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK