Српскиот новинар Владан Радосављевиќ почина откако бил нападнат и искасан од три кучиња во близина на неговата вила на Космај. Откако ја викнал на помош сопругата Олга, кучињата ја нападнале и неа и ѝ нанеле тешки повреди. Жената одма била однесена во болница.
Од Министерството за внатрешни работи на Србија не кажаа детали за несреќата, но потврдија дека во нападот настрадал 62 годишен маж и дека неговата сопруга е тешко повредена. Кучињата кои ги нападнале имале сопственици. На ланчињата кои ги носеле, имало плочки со нивните телефонски броеви.
Едно од кучињата е од расата стафорд, другото мешавина од страфорд и питбул, а третото е мешавина од непознато потекло, објавија од „Ветерина Белград“.
За потсетување, Владан беше новинар во поранешното Студио Б и директор на програмата на НТВ Студио Б. Беше и еден од основачите на продуцентската група „Мрежа“, а беше и директор на „Медија центар“.
The post Српскиот новинар Владан Радосављевиќ почина откако го искасале кучиња пред семејната вила appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде