септември 20, 2024

Џенифер Лопез имаше тензичнa повторна средба со Бен Афлек веднаш по објавувањето на нивниот развод. Пејачката беше забележана како влегува во деловната зграда што ја делат во Лос Анџелес, додека актерот заминал само половина час подоцна, пишува „Дејли мејл“.

Џенифер е видена во канцеларија со нејзината мајка Гвадалупе Родригез, откако отишле на ручек во хотелот „Беверли Хилс“. Пејачката изгледаше одлично додека носеше темно зелен топ и здолниште кои ги спои со розова дизајнерска чанта, зелени потпетици и големи очила за сонце.

Во меѓувреме, Бен беше виден како ја напушта деловната зграда облечен во светло розова кошула со сив блејзер. Ова е првпат парот да биде виден на исто место откако беше објавен нивниот развод минатиот месец.

 


The post Џенифер Лопез и Бен Афлек видени на исто место по веста за разводот appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK