декември 23, 2024

Шведската група „Абба“ авторските права од песната „Чикитита“ ги продала на УНИЦЕФ, со што заработката од песната одат во доброволно финансираната агенција.

„Ги дадовме авторските права на УНИЦЕФ. Со текот на годините собравме многу пари затоа што „Чикитита“ беше многу слушана и стримувана и многу плочи беа продадени. Па јас сум многу среќен поради тоа“, изјавил Бјорн Улвеус, член на групата „Абба“.

Песната е објавена 1979 година и напишана е за Годината на детето на УНИЦЕФ, песната „Чикитита“ беше првата песна на „Абба“ на шпански јазик и стана огромен успех низ Латинска Америка.

„Мислам дека најитното нешто што може да се направи на овој свет е зајакнувањето на младите жени и девојки. Тоа би го променило нашиот свет. Толку е тажно што постојат култури и религии ширум светот кои едноставно не им даваат на девојките еднакви можности. Затоа претходно им кажавме на УНИЦЕФ дека сакаме нашите пари да одат таму“, нагласил Улвеус.

Основци присуствуваат на работилници за здравје и самопочит во Здружението на пријатели на развој и мирот (АДП), една од најстарите невладини организации во Гватемала, платени со средства од песната на „Абба“.

За 43 години од објавувањето, авторските права од хитот на „Чикитита“ се користат за решавање на некои од најсложените проблеми во Централна Америка – од екстремна сиромаштија и генерациска култура на мачизам, семејно насилство и силување до злоупотреба на алкохол во маргинализираните, домородни заедници.

 

The post „Абба“ авторските права од песната „Чикитита“ ги продала на УНИЦЕФ, заработката од песната оди во хуманитарни цели appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK