Да се расчисти инцидентот од 31 декември во затворот Идризово, кога полициски службеници одвојувале две групи затвореници што се степале, побара денеска на прес-конференција, претседателот на Независниот синдикат на полицијата, Гоце Делчев Тодев.
Тој рече дека Независниот синдикат на полицијата, под кој спаѓа и Независниот синдикат на затворска полиција и администрација, будно го следи овој случај.
– На 31 декември се случил проблем во затворот Идризово, постапката се уште не е завршена, се анализира видео надзорот. Истрагата е во тек. Има телефонски видео снимки излезени од затворот, но, официјално се уште нема ништо. Ако полицаец е на работно место и бил со задача да одвои групи што се степале, зошто би одговарал полицаецот?, нагласи Делчев Тодев.
Тој додаде дека изгледа, во пракса, наједноставно е, вината да се префрли на полицискиот службеник и тој да одговара. Но, тој наведе дека овој синдикат нема да го дозволи тоа. Тој рече дека веќе биле алармирани адвокатски тимови и се работело на расчистување на случајот.
Во овој синдикат членуваат 207 полицајци од затворскиот систем Идризово.
Тој побара од надлежните, кога ќе има официјални информации, да излезат со нив во јавноста, за да нема шпекулации.
The post Две групи затвореници се тепале за Нова година во „Идризово“, полицискиот синдикат бара да се расчисти случајот appeared first on 24 Инфо.
Следете не, не има насекаде