Втората слаломска трка во женска конкуренција на патеката Сљеме крај Загреб, која требаше да се вози денеска, е откажана поради „високи температури и ветер“, соопшти попладнево Меѓународната скијачка федерација.
Вчера во првата трка триумфираше Американката Микаела Шифрин и денеска можеше да го израмни рекордот според бројот на победи што е во сопственост на нејзината сонародничка Линдзи Вон (82).
Шанса да дојде до својата 82. победа во кариерата Шифрин ќе има овој викенд во Крањска Гора, каде в сабота и в недела на програмата се велеслаломските трки.
Женскиот слалом во Загреб и машката трка во слалом во Гармиш Партнекирхен вчера се одржаа со спуштен старт и скратени патеки поради недостиг на снег
Следете не, не има насекаде