септември 20, 2024

Никол Кидман мораше да го напушти филмскиот фестивал во Венеција поради смртта на нејзината мајка Џенел Ен Кидман.Таа е годинашен добитник на Златниот лав во Венеција за најдобра актерка во филмот Babygirl, но поради семејна трагедија не присуствуваше на доделувањето на наградите.Халина Рејн, режисерка на филмот Babygirl објави дека актерката рано го напуштила фестивалот за да биде со своето семејство.Во изјавата на Никол – која Рејн гласно ја прочита во името на Кидман – актерката напиша дека одлетала за Венеција, за набргу потоа да дознае дека нејзината „убава, храбра мајка, Џенел Ен Кидман, штотуку починала“.“Во шок сум и морам да одам кај моето семејство, но оваа награда е за неа. Таа ме обликуваше, ме водеше и ме натера. Исклучително сум благодарна што успеав”, изјавила актерката.„Судирот на животот и уметноста е срцепарателен, а моето срце е скршено.Актерката во овој момент побара од јавноста приватност, пренесува People.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK