декември 23, 2024

Киев отфрла каков било мировен договор со Москва што ќе и овозможи на Русија да ја задржи окупираната украинска територија од руските сили, изјави денеска советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Михаил Подољак.

Руската Федерација (Путин) под зборот разговор и нуди на Украина и на светот да го признаат нејзиното право да окупира странски територии и да го решат отсуството на правни последици за масовни убиства на странска територија. Тоа е целосно неприфатливо, напиша Подољак на Твитер.

Претходно рускиот претседател Владимир Путин, во денешниот телефонски разговор со турскиот колега Реџеп Тајип Ердоган, изјави дека Москва е подготвена за разговори за Украина, но дека Киев ќе мора да го прифати губењето на териториите на кои Русија полага право. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK