септември 20, 2024

„Balkan Media Production“ за успешен крај на годината, го најавуваат концертот на најголемата музичка регионална ѕвезда, Саша Матиќ. Имено, тој ќе го одржи својот прв голем солистички концерт во Скопје и тоа на 21 декември во „Арена Борис Трајковски“.

Зад себе има повеќедецениска кариера, неколку арени и нашите срца во неговите стихови. Додека низ смеа ги прифаќа шегите на своја сметка за оштетениот вид, Саша Матиќ вели дека е среќен и исполнет човек, кој не се осмелува од животот да бара нешто повеќе. Преполните сали и громогласните аплаузи се потврда за неговиот квалитет, но и големина.

Саша Матиќ во моментов го подготвува својот нов албум кој на јавноста ќе и биде претставен оваа есен. Новиот албум доаѓа како резултат на две годишна работа и експериментирање со различни музички стилови. Албумот ќе опфати широк спектар на теми и емоции, секоја песна ќе има посебна приказна, почнувајќи од љубовни балади, па се до енергични песни кои многумина ќе ги сакаат.

На 21 декември, Саша Матиќ со задоволство ќе приреди музички спектакл во Скопје и ќе ја потсети публиката на своите безвременски хитови кои години наназад го држат на самиот врв на српската музичка сцена, а присутните ќе имаат можност за првпат во живо да ги слушнат и песните од новиот албум.

The post Саша Матиќ со предновогодишен концерт во Скопје appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK