септември 20, 2024

Тотенхем и Арсенал во недела ќе се сретнат во дербито на северен Лондон, кое се игра во рамките на 5. коло од англиската Премиер лига.

За прв пат по сезоната 1985/86. Арсенал ќе игра на стадионот на Тотенхем во гостински дрес. Арсенал најчесто доаѓа во Тотенхем во црвен дрес, но овојпат тоа нема да биде случај.

Судиската организација на Премиер лигата (ПГМОЛ) за оваа сезона не им дозволи на „топџиите“ да играат во основната варијанта бидејќи белата боја била премногу застапена на дресовите.

Дресот на Тотенхем за домашните натпревари е бел, што би можело да им го отежне настапот на играчите и на судиите, а може да создаде ии визуелна конфузија кај гледачите.

Поради тоа Арсенал, в недела, ќе настапи во црни дресови.

The post Арсенал по 38 години кај Тотенхем нема да ја носи основната гарнитура на дресови appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK