септември 21, 2024

Фудбалерот на Хајденхајм, Серлорд Контех, минатиот викенд стана нов рекордер во спринт во Бундеслигата.

Овој напаѓач, роден пред 28 години во Хамбург, на мечот против Аугсбург, во еден момент, кон крајот на мечот, достигна брзина од 36,67 километри на час, што е најбрзиот спринт на играч во германската елитна лига откако се вршат овие мерења (веќе десет години).

Досегашниот брзински рекорд го држеше фудбалерот на Борусија Дортмунд, Карим Адејеми, со нешто помал резултат, 36,65 км/ч.

За споредба, најбрзиот човек на сите времиња, Усеин Болт, во најбрзата трка во животот постигна брзина од 44 километри на час

Интересно е што дуелот со Аугсбург му беше втор на Контеху во Бундеслигата. досега играше само во пониските лиги на Германија. Тој оваа сезона му се приклучи на Хајденхајм од Падерборн.

Јасно е дека неговите спринтерски квалитети беа најсилниот адут за неговиот сегашен клуб да одвои 700.000 евра за неговиот трансфер.

The post Соборен рекорд во спринт во Бундеслигата appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK