декември 23, 2024

 – Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ денеска изјави дека Владата ги повикува сите кои неоправдано ги зголемиле цените да ги вратат на нивото од 31 декември.

Пленковиќ најави силна владина интервенција за тие кои ги зголемиле цените во процесот на замена на куната со евро.

-Некои трговски друштва ја искористија конверзијата за неоправдано да ги зголемат цените, за што нема никаква причина и оправдување, бидејќи тоа се прави без надомест, рече Пленковиќ на владина седница.

Пленковиќ рече дека Владата ги задолжила сите надлежни ресори да го засилат надзорот на стопанските субјекти, а Министерството за економија да ги преземе сите мерки за собирање целосни и точни информации за движењето и следењето на цените.

Најави дека сите служби ќе излезат на терен за да се „исправи се што прават неодговорни поединци, без никаква причина“.

– Зголемувањето на цените, фрлањето сенка врз воведувањето на еврото и придонесувањето за инфлација е неправедна практика и нема да успее, додаде Пленковиќ.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK