Министерството за труд и социјална политика известува дека во тек е исплатата на паричната помош согласно Законот за финансиска поддршка за ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза. Поддршката се однесува на :
-корисниците на правото на социјална сигурност на стари лица,
-корисниците на посебен додаток,
-корисниците на правото на надоместок заради попреченост,
-корисниците на надоместокот за попреченост и трајни промени во здравствената состојба, кои користат надоместок за помош и нега од друго лице, а не користат право на надоместок заради попреченост, без потреба од контролен преглед и
-самохраните родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош.
Овие граѓани добиваат финансиската поддршка од 3.000 денари месечно, за период од четири месеци.
Продолжуваме да се грижиме за сите граѓани, со акцент на најранливите.
Следете не, не има насекаде