Фудбалерите на Манчестер Сити минимално, но заслужено како гости го совладаа големиот ривал Челси (1-0), со што им се вратија на победите по неочекуваното реми на домашен терен против Евертон (1-1) во претходното премиерлигашко коло.
Јунак на вечерта беше Ријад Марез, кој го постигна победничкиот погодок во 63. минута, на асистенција на Грилиш, а за одбележување е што двајцата влегоа во игра само три минути претходно.