септември 27, 2024

По одличните „Тамо негде“, „Метар дана“, „Заблуда“, „Калдрма“… Боби Павловски на јавноста реши да ѝ го претстави деветтиот сингл од српскиот албум, кој наскоро треба да биде комплетиран.

Станува збор за темата со наслов „Лавиринт“, за која музиката и аранжманот ги потпишува веќе проверениот соработник Милан Раѓен, додека текстот е на Дивна Миловановиќ. Интересно е дека и овој пат Боби соработува со колешката од соседството, Ивана Селаков, која е задолжена за придружните вокали.



Песната, веќе стандардно кога е Боби во прашање, излегува во исто време со видеозапис, инаку работен со екипата на Tropical Lifeisfun, а снимен на интересна локација на Фрушка Гора, во околината на Нови Сад. Кадрите се снимени во куќа која е изградена во 1898 година и му припаѓала на, во тоа време, исклучително богато германско семејство.

„Морам да признаам дека оваа песна е мојот фаворит. Правена е според мојот вкус и по мојот сензибилитет. Долго време е готова, но некако го чекав вистинскиот момент да ѝ ја претставам на мојата публика. Мислам дека го одбрав вистинското време и дека и на публиката ќе ѝ се допадне“, вели Боби, кој периодов освен со настапите што ги има сѐ почесто и низ Европа, е активен и во студио.

Павловски освен на комплетирањето на српскиот албум, интензивно работи и на студиски материјал со македонски песни. Не сака да открива многу детали, но вели дека верува оти крај себе има авторски имиња кои ќе понудат сосема поинаков звук и вистинска свежина во етерот. Рокови за комплетирање на проектот не си задава, бидејќи, како што вели, најважно му е да има совршен финален производ, но признава дека би сакал публиката што е можно поскоро да чуе барем дел од она што се подготвува.

 

The post Боби Павловски ја објави новата песна „Лавиринт“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK