септември 27, 2024

Научниците го открија најстарото парче сирење на светот – го пронајдоа околу вратот на мумија во Кина.

Ковчегот стар 3.600 години бил отворен на гробиштата Ксиаохе во Ксинџијанг, Кина за време на ископувањето во 2003 година, каде што над вратот на мумифицираната млада жена бил поставен предмет што изгледал како накит.

И покрај тоа што изгледаше како парче накит во тоа време, научниците сега велат дека го идентификувале примерокот како најстарото парче сирење во светот, пренесува „Скај њуз“

„Обичното сирење е меко. Ова не е. Сега стана суво и тврдо“, изјави за „Ен,би,си њуз“ Киаомеи Фу, палеогенетичар од Кинеската академија на науките во Пекинг. Таа објасни дека кога бил ексхумиран ковчегот на жената, било откриено дека сирењето е добро зачувано поради сувата клима во пустината Тарим Басен.

Иако производството на сирење одамна е опишано во историјата, истражувачите во студијата објавена во списанието Cell напишале дека „историјата на ферментирани млечни производи во голема мера е изгубена во антиката“.

„Овие примероци од сирење стари 3.500 години се меѓу ретките остатоци од млечни производи кои се зачувани повеќе од 3.000 години.
Зборувајќи за „Ен-би-си њуз“, Фу рече дека таа и нејзиниот тим земале примероци од три гробници на гробиштата Ксиаохе и ја обработувале ДНК-та за да ја следат еволуцијата на бактеријата во текот на илјадници години.

Тие рекоа дека примероците покажале дека се работи за кефир направен со ферментирање на млеко со користење на зрна кефир, а има и докази за употреба на козјо и кравјо млеко.

Истражувањето покажа дека популациите од бронзеното време, како и луѓето од Ксиаохе, за кои се знаело дека се генетски нетолерантни на лактоза, консумирале млечни производи пред ерата на пастеризација и ладење.

„Овие примероци од кефирско сирење стари 3.500 години се меѓу ретките остатоци од млечни производи зачувани повеќе од 3.000 години, произведени од популацијата Ксијаохе од бронзеното време – популација со мешани животни стилови и техники“, велат научниците.

„Ен-Би-Си“ ја праша Фу дали сирењето може да се јаде и дали ќе го проба, на што таа одговори „нема шанси“.

The post Научниците пронајдоа сирење старо 3.600 години, било ставено околу вратот на кинеска мумија appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK