септември 28, 2024

На 27.09.2024 околу 22.45 часот на наплатна станица Романовце, кумановско, полициски службеници од  Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции запреле и извршиле контрола на товарно возило „сканиа” со кавадаречки регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Кавадарци, а управувано од Р.Р. од Кавадарци.

При контролата било утврдено дека возачот во моментот користел туѓа картичка за запишување во патниот сообраќај. За настанот е известен Државниот инспекторат за транспорт и врски, кој изрече глоби за возачот, правното лице и управителот на правното лице по член 55 став 1 и член 60 став 1 од Законот за работното време на мобилните работници со патниот сообраќај и уредите за запишување во висина од 7.500 евра. Исто така, одземена е и возачката картичка.  

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK