„Во зависност од развојот на настаните, ние може да се сретнеме на ниво на лидери на Русија, Турција и Сирија. Значи, нашата цел е воспоставување мир и стабилност во регионот“
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска истакна дека по претстојниот состанок на министрите за надворешни работи, можна е и средба на лидерите на Русија, Турција и Сирија, на разговори за мирот и стабилноста во Сирија, во зависност од развојот на настаните.
„Во зависност од развојот на настаните, ние може да се сретнеме на ниво на лидери на Русија, Турција и Сирија. Значи, нашата цел е воспоставување мир и стабилност во регионот“, рече Ердоган во обраќањето на состанокот на челниците на области од Партијата на правдата и развојот (AK Parti) во главниот град Анкара.
„Турскиот, рускиот и сирискиот министер за одбрана и шефовите на разузнавањето одржаа средба во Москва“, рече Ердоган и изрази надеж дека и министрите за надворешни работи ќе се сретнат во истиот трилатерален формат.
На 28 декември, турскиот, рускиот и сирискиот министер за одбрана се состанаа во Москва за да разговараат за чекорите во борбата против тероризмот во Сирија и се согласија да продолжат со трипартитните состаноци со цел осигурување на стабилноста во Сирија и во поширокиот регион.
На средбата се говореше за сириската криза, бегалското прашање и за заедничката антитерористичка борба против сите терористички организации во Сирија.
Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, истакна дека вториот состанок би можел да се одржи во средината на јануари.
АА
Следете не, не има насекаде