септември 29, 2024

Во 10.коло од српскиот шампионат, Војводина ремизираше 3:3 против Раднички од Ниш во Нови Сад.

Домашните поведоа во 52. минута, но тимот од Ниш брзо направи пресврт и тоа на бизарен и ретко виден начин во интервал од само три минути.

Најпрвин израмни Раднички во 57. минута, а потоа во 60. минута Вања Илиќ реализираше од пенал.

На пеналот му претходеше неверојатната грешка на стоперот на Војводина, Сеид Кориќ, репрезентативец на Луксембург кој има и српско државјанство. Имено, голманот на Војводина при еден гол-аут му ја додаде топката на Кораќ, кој сметаше дека топката се уште не е во игра. ја фати со раце за да ја намести, а судијата беше принуден да покаже на пенал.

До крајот на натпреварот Војводина направи пресврт и поведе со 3:2, но Раднички со гол во 95.минута извлече бод.

The post (Видео) Играч на Војводина направи еден од најглупавите пенали во историјата appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK