Еден од најдобрите македонски кошаркари на сите времиња, Перо Блажевски, по неколку месечната пауза по заминувањето од клупата на Кожув има нов ангажман и тоа по малку необичен – ќе биде дел од стручниот штаб на третолигашот Маџари.
Станува збор за култен скопски тим, кој по 25-годишна хибернација минатото лето се врати на кошаркарската мапа. Маџари е есенски шампион во Третата лига А со скор од осум победи и само еден пораз, со големи шанси да биде меѓу тимовите кои следната сезона ќе бидат дел од второлигашката конкуренција.