септември 30, 2024

Компанијата за лиценцирање музика PPL ги прогласи Coldplay за најслушаната британска група на 21 век.

Лондонскиот поп рок бенд, кој го вклучува фронтменот Крис Мартин заедно со Гај Бериман, Џони Бакланд и Вил Чемпион, се емитуваше 40.000 пати повеќе на британските радио станици и телевизии од класичните рокери Queen, кои беа на второто место.

Најслушаната песна на Coldplay е хитот број еден од 2008 година, Viva La Vida, а потоа следат нивните други хитови Paradise, Clocks, Something Just Like This и Adventure Of A Lifetime.

На трето место е бој-бендот Take That, додека групата од X Factor, Little Mix следи на четврто место, а The Beatles се на петтото место. Рокерите од Манчестер, Oasis се на шестото место, додека Bee Gees се на седмото место, велшката група Stereophonics е на осмото, поп-дуото Eurythmics се деветти, а Rolling Stones ја заокружуваат листата на десеттото место.

The post Coldplay е најслушаниот британски бенд на 21 век, според PPL appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK