октомври 2, 2024

„Тенка двојка (благодарение на впечатокот од првите 45 минути на „Џузепе Меаца“), или еден на два“,вака легендарниот Дарко Панчев за „Спорт клуб“ го оцени синоќешното издание на Црвена звезда против Интер. Црвено-бечите, благодарение на почетничките грешки загуби од фаворитот со 4:0.

„Сами си дадоа четири гола, сами се победија, се уништија. Наивно, многу наивно. Грешки кои ретко ги има во натпреварите од понизок ранг и што е најлошо, на Звезда и се повторуваат на најголемата сцена. Одбраната беше под очекувањата, средниот ред не беше толку лош…“, вели Панчев и додаде.

„Интер е повисоко ниво во однос на Звезда, и не само на Звезда, туку и на огромното мнозинство на клубови. Она што важи за Интер важи и за Барселона, Реал, Борусија, Баерн… Разликата е видлива. А неодамна се зборуваше дека Динамо Загреб одамна нема посилен тим… И што се случи? Во првото коло прими девет гола во Минхен! Синоќа Селтик, Слован, Јанг Бојс и… Колку да се потврди класата на великаните“.

The post Панчев: Црвена звезда се самоуништи против Интер appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK