октомври 2, 2024

19 годишно момче од Скопје е повредено по удар со возило од сограѓанин со кого претходно се расправале за паркинг место.

Како што соопштуваат од полицијата, на 30.09.2024 во 20.10 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.В.(59) од Скопје. Тој се сомничи дека, по претходна расправија околу паркинг место, со своето патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки го удрил М.А.(19) од Скопје и му нанел повреда.

Извршен бил увид од екипа од СВР Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, додаваат од МВР.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK