октомври 3, 2024

Започна одбројувањето на последните денови до големиот концерт на Калиопи во Скопје. Нешто повеќе од две недели не делат до овој спектакл, а како што деновите поминуваат, така и возбудата расте, и кај публиката, но и кај Калиопи.

19 октомври е опасно блиску, а истиот тој 19 октомври е совршен датум за фантастичен солистички концерт на Калиопи во „Арена Борис Трајковски”.

Пробите се веќе во тек, а воодушевувањето е взаемно. Ова со сигурност ќе биде еден од најдобрите концерти кои некогаш му се случиле на Скопје, концерт богат со аудио-визуелни ефекти, неверојатни звуци и енергија. Калиопи ветува дека на 19 октомври на своите обожаватели ќе им приреди една незаборавна музичка вечер.

„Не можам да ја опишам возбудата која ме обзема деновиве пред големиот концерт во Скопје. Имам чувство дека арената „Борис Трајковски” ќе биде премала за да ги собере сите емоции, вечерта, на 19 октомври. Многу сум среќна што големиот јубилеј ќе биде крунисан со, за мене, најголемиот и највеличенствен концерт во мојата кариера, токму овде, во Скопје. Подготвуваме спектакуларно музичко и визуелно доживување за публиката и сите со нетрпение го чекаме денот на концертот. Ќе биде тоа ноќ која сите ќе ја паметиме долго, долго”… – вели Калиопи.

The post Калиопи: „Ова ќе биде највеличенствениот концерт во мојата кариера” appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK