Кошаркарот на Фенербахче, Скоти Вилбекин се повреди во првото коло од Евролигата. Фенер со победа над Олимпијакос 82:71 ја започна новата сезона во елитното натпреварување.
Крајот на овој натпревар го одбележа расправијата меѓу двајцата тренери Шарунас Јасикевичиус и Јоргос Барцокас, кои имаа што да си кажат и за време на натпреварот.
На овој натпревар, поточно во втората четвртина, се повреди американскиот кошаркар со турски пасош Скоти Вилбекин.
Како што се стравуваше, повредата на Скоти Вилбекин е посериозна и тој ќе ја пропушти целата сезона 2024/25, пренесува новинарот Донатас Урбонас.
Тој вели дека се Вилбекин ги оштетил предните вкрстени лигаменти на коленото.
The post Голем удар за Фенербахче, Вилбекин тешко се повреди appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде