Еден војник е убиен, а друг повреден по расправија која резултирала со престрелка во австриска касарна.
Инцидентот се случил во петокот, на 6 јануари, во касарната на воздухопловната база во австрискиот град Винер Нојштад, изјави портпаролот на австриското Министерство за одбрана, пренесува Дејли Мејл.
КРВАВ ИНЦИДЕНТ ВО АВСТРИЈА: Војник на стража ПУКАЛ при расправија, воен офицер го ЛИКВИДИРАЛ
„Во касарната на воздухопловната база во Винер Нојштад, еден војник на стража загина, а друг е ранет во размена на оган што се случи денеска нешто пред 07:00 часот, објави на својот Твитер портпаролот на Министерството Михаел Бауер.
Тој изјавил дека имало расправија меѓу војник на стражата и неговиот претпоставен, тогашен офицер.
Австриската новинска агенција АПА објави дека војник на стража пукал за време на очигледна расправија, а потоа бил убиен од висок воен офицер.
Следете не, не има насекаде