октомври 7, 2024

Навивачите на клубот Реал Сосиедад му се заканија со смрт на играчот на Атлетико Мадрид, францускиот интернационалец Антоан Гирзман за време на натпреварот од шпанското првенство, објавија француските медиуми.

Фудбалерите на Реал Сосиедад, одиграа нерешено 1:1 против Атлетико Мадрид во неделата вечерта во деветтото коло од Примера.

Гризман, поранешен играч на Реал Сосиедад, беше пречекан во непријателска атмосфера, навивачите на Реал Сосиедад му скандираа „Умри“ и „Гризман е мртов“.

Францускиот напаѓач, кој неодамна се повлече од репрезентацијата, секогаш кога ја имаше топката беше исвиркуван.

Ваквото однесување го натера раководството на Реал Сосиедад на големите екрани на стадионот за време на натпреварот да ја емитува пораката „Не за расистичките песни, ксенофобијата и нетрпеливоста“. Охрабрете го и поддржете го тимот, но почитувајте го противникот“.

Навивачите ја исвиркаа и оваа порака, додаваат француските медиуми.

Гризман во сениорска конкуренција дебитираше за Реал Сосиедад во 2009 година, кога беше прекумандуван во првиот тим од клупската акедемија. До 2014 година одигра 180 натпревари и постигна 46 гола. Во летниот преоден рок во 2014 година тој за 30 милиони евра се пресели во Атлетико Мадрид.

The post Навивачите на Сосиедад му се заканија со смрт на Антоан Гризман appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK