декември 29, 2024

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) го суспендираше италијанскиот фудбалер Марко Курто на 10 натпревари, од кои половина условно во период од две години, за дискриминаторско однесување кон фудбалерот на Вулверхемптон Хванг Хи Чан.

Инцидентот се случил на 15. јули на пријателскиот натпревар помеѓу Комо и Вулверхемптон. Во текот на натпреварот Курто на еден од соиграчите му рекол „да го игнорира Хванг бидејќи мислел дека е Џеки Чен“.

Вулверхемптон по натпреварот поднесе жалба до УЕФА, но од Нион на англискиот клуб му порачаа дека не можат да реагираат бидејќи натпреварот не бил под нивна капа.

Тогаш реагираше Фудбалскиот сојуз на Јужна Кореја, чиј претставник е Хванг Хи Чан, кој го пријави инцидентот во ФИФА.

The post ФИФА го суспендираше Курто поради расизам appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK