октомври 8, 2024

Полицијата приведе едно лице кое се сомничи дека го подметнало пожарот во подрумот на општина Тетово

На 07.10.2024 во 20.15 часот на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.Р.(38) од Република Косово, со привремен престој во Скопје. Тој се сомничи дека претходниот ден го подметнал пожарот во подрумските простории на општина Тетово. Лицето било задржано во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок по член 288 од Кривичниот законик – се вели во соопштението на МВР.

Градоначалникот на Тетово Касами рече дека се сомнева дека пожарот бил подметнат за да изгори важна документација.

„Значи овде не се работи за изолиран случај туку со предумисла за поголема штета да се создаде забуна во јавност туку и да се создадат предуслови за она што опозицијата подолго време предупредува за создавање меѓуетнички тензии во Тетово. “ – рече Касами.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK