октомври 9, 2024

Во Скопје денеска ќе се одбележи Светската недела на вселената со инспиративен настан што ги поврзува вселенските истражувања и климатските промени насловен „ #SpaceTalks: Од вселената до климатските промени“, организиран од Светската недела на вселената и Македонското астрономско друштво.

Предвидени се уникатни предавања од двајца истакнати експерти.

„Астероиди: мали небесни тела во Сончевиот систем“, предавање на др. Елена Вчкова-Бебековска, професор по астрономија и физика на Природно – математичкиот факултет, додека за „Климатската криза – Поглед од вселената“ предавање ќе има Горјан Јовановски, активист и ко-основач на EarthCare.ai, кој ќе објасни како вселената може да ни помогне да ја разбереме и решаваме оваа глобална закана.

Настанот е бесплатен и отворен за сите љубители на вселената и науката.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK