декември 27, 2024

Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл „заминаа по својот пат“ бидејќи сè повеќе водат „одвоени животи“, рекоа кралските аналитичари Артур Едвардс и Џени Бонд.

 

 

 

Бонд откри дека Меган не била популарна и не сакала да се врати во Британија.

 

– Мислам дека Меган има свој самостоен стил и начин на живот и тоа не е во склад со луѓето во Велика Британија. Мислам дека не сака да се врати назад и затоа секој си оди по својот пат, донекаде. Но, се надевам и верувам дека Хари е многу среќен во својот живот – рече таа.

 

Ова доаѓа откако неодамна беше откриено дека принцот Хари го прославил својот 40-ти роденден без Меган, истакнува The Sun.

 

Иако извори блиски до парот инсистираат дека Меган го организирала патувањето, аналитичарите сметаат дека нејзиното отсуство е знак дека работите не се толку розови. Меган не е видена во јавноста од 14 септември, ден пред Хари да наполни 40 години, а изворите исто така тврдат дека таа ретко била во нивниот дом во Монтесито, Калифорнија.

 

Војводата присуствуваше на серија настани во Њујорк без неговата сопруга.

 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK