декември 27, 2024

Познатите спортисти кои досега рекламираа обложувалници или казина, во иднина нема да го прават тоа. Ова го изјави министерот за спорт Борко Ристовски.

Станува збор за спортистите Кирил Лазаров (ракомет), Горан Пандев (фудбал) и Игор Стефановски – Иџе (автомобилизам), кои рекламираа обложувалници и казина.
Направивме еден џентлменски договор дека Горан Пандев нема повеќе да рекламира спортска обложувалница, нема ниту Иџе да рекламира, а на Лазаров му заврши договорот со компанијата, и нема да го продолжи. Мислам дека овие лица ќе ги видите на другата страна, како промовираат вистински вредности“, рече Ристовски.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK