декември 27, 2024

Теа Георгиевска од Куманово ќе ја претставува Македонија на светскиот избор за убавина „Мис Универзум“ кој идниот месец ќе се одржи во Мексико.

Титулата Мис на Македонија, Теа ја освои вчеравечер на изборот кој се одржа во Националната опера и балет, во конкуренција со 19 други девојки.

21 годишната Теа е дел од модното студио „Црнокрак“.

Прва придружничка е Ева Величковска од Скопје, втора Тијана Петреска од Скопје, трета Верица Китанова од Струмица и четврта Јулијана Ѓорѓиевска од Крива Паланка.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK