Луис Де Ла Фуенте има 63 години и за 12 години служба во Кралската шпанска фудбалска федерација и донесе на својата земја три европски шампионски титули, во малдиснките категории У19 и У21 и во сениорска конкуренција, како и една Лигата на нации.
Со победата над Данска синоќа во Мурсија, овој стручњак од Ла Риоха стана статистички најуспешен селектор во историјата на шпанската репрезентација со просек од 2,54 освоени поени по натпревар. Неговиот скор е 21-2-2 со гол разлика 67:21.
Каков ќе биде настапот на „фуријата“ под негово водство ќпо натпрвеварот со Србија ќе дознаеме во вторник доцна навечер кога во Кордоба завршува 4. коло од Лигата на нации, но она што го знаеме и сега е дека најуспешниот тренер на планетата заедно со Лионел Скалони (Аргентина) е и меѓу послабо платените во однос на стандардите во европскиот и светскиот фудбал
Со плата од 600.000 евра годишно, според информациите на мадридскиот весник „Ас“. Де Ла Фуенте не може да се спореди ниту со некои стручњаци од Б и Ц нивоа на Лигата на нации.
И не само тоа, туку селекторот нема со кого да преговара за евентуално покачување на платата, кое апсолутно го заслужи, бидејќи шпанската федерација е во организациски хаос по оставката што Луис Рубиалес мораше да ја поднесе под притисок на јавноста.
Иако вршителот на должноста претседател Педро Рока е свесен за непријатната ситуација тој нема овластување да носи долгорочни стратешки одлуки.
Привремената управа на Федерацијата е овластена само да ги извршува секојдневните операции и да го направи системот да функционира, така што до некое идно Изборно собрание каде што Шпанија ќе добие нов „прв човек“, Де Ла Фуенте ќе продолжи да работи и ќе чека да биде решен неговиот статус.
The post Европскиот првак Де Ла Фуенте работи без договор appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде