Кумановец в полиција пријавил напад, заборавил дека него со потерница го бараат за в затвор.
Вчеравечер во 03.00 часот во СВР Скопје, И.Т.(41) од Куманово, со престој во Скопје, пријавил дека на подрачјето на Карпош бил физички нападнат од Т.Ѓ.(36) од село Бучинци, општина Илинден.
При преземање мерки во врска со настанот, полициски службеници од Полициската станица Карпош констатирале дека И.Т. бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна.
Тој бил лишен од слобода и спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Куманово за издржување на казната.
Следете не, не има насекаде