декември 23, 2024

Шефот на Ферари од 2019 до 2022 година, Матеа Биното, истакна дека доколку тој се прашува, никогаш не би довелседумкратниот светски шампион Луис Хамилтон во црвениот болид.

„Не“, одлучно одговори шефот на Заубер (Ауди) во интервју за „Кориере дела сера“, „Сепак, мислам дека ја направи вистинската работа што ја прифати понудата и се согласувам со неговата одлука“.

Биното смета дека Ферари треба да се фокусира на Шарл Леклер.

„Ферари се фокусираше на други возачи. Ако талентот е Леклер, мислам дека на некој начин треба да биде во фокусот на тимските планови“, додаде 54-годишниот Биното.

Од друга страна, директорот на Формула 1, Стефано Доменикали, шеф на Ферари од 2008 до 2014 година, се согласува со одлуката на Французинот, Фредерик Васер да го доведе 39-годишниот Британец.

„За навивачите на Ферари ова е исклучителна ситуација бидејќи Луис е некој кој ќе може сè да спои. Секако, таму ќе мора да има меѓусебно почитување со Шарл Леклер. Правилата во тимот ќе мора да бидат јасни, а раководството да не се меша во нивната комуникација“, потенцира Доменикали за „Газета дело спорт“.

На возачите им претстои викенд во Остин, каде ќе се одржи трката за Големата награда на САД.

The post Хамилтон во Ферари – Биното е против, Доменикали е за appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK