декември 23, 2024

Денеска (14.10.2024) во 13:30 часот во с.Сопот, кумановско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот и Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Куманово го лишиле од слобода А.Љ.(37) од с.Сопот.

Тој бил затекнат како во патничко возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки, превезува две лица мигранти од Република Турција од обиколница с.Табановце до с.Сопот.

По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK