ноември 9, 2024

Тодор Кирков, зет на убиениот Панче Жежовски, денеска сведочеше на судењето за двојното убиство. Во својот исказ, Кирков ја опиша динамиката на односите со неговиот дедо, истакнувајќи дека не бил во чест контакт со него.

„Дента кога го немаше Панче, го пријавивме неговото исчезнување во полиција“, изјави Кирков. Тој потврди дека го идентификувал телото на својот дедо и дека бил шокиран од состојбата во која бил.

Кирков потврди дека познава еден од обвинетите, Велибор Манев, со кого имал заедничко средношколско образование. Тој исто така потврди дека меѓу Панче и Велибор постоел спор поврзан со недовршени градежни работи.

На прашањето каков проблем имал Панче со Велибор, Тодор рече:

– Се договориле да му го среди дворот за 1.600 евра. Панче му дал 1.100 евра и рекол дека ќе му доплати кога ќе се врати од Германија ама не му доплатил оти не му се допаднало како е завршена работата, па Велибор си ги извади бекатон плочките и настанал спорот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK