Фудбалскиот клуб Панатинаикос на семејството на трагично починатиот фудбалер, Џорџ Балдок ќе му ја исплати целата плата на име на тригодишниот договор кој важеше во моментот на неговата смрт.
Болдок имаше свршеница и едногодишен син, а клубот планира да организира и натпревар во негова чест, од кој целиот приход би отишол на неговото семејство.
Да потсетиме, Болдок беше пронајден мртов во базенот на станбената заедница каде што живеел и не давал знаци на живот ниту по доаѓањето на лекарите на лице место.
Грчката репрезентација нему му ја посвети големата победа над Англија, а од него се простија и фудбалери ширум светот.
The post Семејството на трагично починатиот Балдок ќе го добие целиот договор од Панатинаикос appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде