Фенербахче во НБА лигата најде замена за Скоти Вилбекин, кој ги скина лигаментите во првото коло и ја заврши сезоната. Турскиот клуб ги финишира преговорите со Скајлар Мејс.
Првично се зборуваше дека замена може да биде Сејбен Ли, играчот кој блесна во ФИБА Лигата на шампиони, во дресот на Маниса но тој замина во Макаби на местото на Џордан Лојд.
Како што во вторникот објавија европските медиуми, Вилбекин ќе го замени Скајлар Мејс, кој очигледно не ги убедил челниците на Минесота Тимбервулфс дека треба да добие место во тимот за следната сезона.
Мејс има 27 години, помина четири години во ЛСУ, а потоа играше за Атланта, Лејкерс и Портланд во НБА, со чести излети во Џи-лигата.
Минатата сезона, играјќи за Лејкерс и Трејл Блејзерс, забележа 4,1 поен по натпревар на вкупно 38 натпревари.
Фенербахче вечерва ја пречекува Црвена Звезда, а два дена подоцна гостува во Берлин кај Алба.
The post Фенербахче најде замена за Вилбекин appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде