Општина Центар распиша Jавен повик за доделување финансиска поддршка за поправка и санација на постојните кровни конструкции и постојните лифтови во станбените згради на подрачјето на Општина Центар што се во согласност со Програмата за комунални дејности за 2024 година.
Јавниот повик се однесува на финансиска поддршка за поправка на технички неисправни лифтови, како и модернизација и подобрување на безбедноста на постојните лифтови. Финансиската поддршка за реконструкција на покриви и на кровни покривачи e насочена кон замена на постојните азбестни салонитни покривки со еколошки како и реконструкција на рамни проодни и непроодни тераси под услови што се наведени во Јавниот повик.
Финансиските средства за повикот се од Буџетот на Општина Центар во висина од 30 % од вкупниот износ од вредноста, но не повеќе од 150.000,00 денари за реконструкција на постојните кровни конструкции и во висина од 30 % од вкупниот износ од вредноста, но не повеќе од 300.000,00 денари за поправка и санација на лифтови за секоја одобрена апликација. Сопствениците на посебни делови треба да ги обезбедат преостанатите финансиски средства во висина од 70 % од вкупниот износ од вредноста за реконструкција на постојни кровни конструкции и поправка и санација на лифтови.
Пријавите со целосна документација треба да се достават во Архивата на Општина Центар во Барака 6, секој работен ден од 9:00 до 15:00 часот, во периодот од 15 октомври до 1 ноември 2024 година. Јавниот повик ќе биде реализиран по принципот прв дојден – прв услужен, а право на учество ќе имаат заедници на сопственици на станови во колективни станбени згради од подрачјето на Општина Центар.
Повеќе информации за условите и критериумите заинтересираните можат да најдат на следниот линк: https://www.centar.gov.mk/?p=22776.
Следете не, не има насекаде