Денеска се одржа втората меѓувладина конференција Албанија-ЕУ за отворање на главните преговарачки поглавја во Луксембург.
Во својот говор на оваа конференција, премиерот на Албанија, Еди Рама изјави „да ја спречиш Македонија, потоа Северна Македонија и се надевам нема после да стане Јужна Македонија, да го направиш ова правиш една голема штета на една нација“.
-Да ја спречиш Македонија, потоа Северна Македонија и се надевам нема после да стане Јужна Македонија, да го направиш ова правиш една голема штета на една нација, голема штета на еден народ, голема штета на нашиот регион. Продолжувам да стојам на ставот и сакам на сите да им кажам дека оваа не е конфорнтација, јас го сакам Александар Македонски, сите го сакаат Александар Македонски, но јас не сакам да знам каде е роден и не претендирам како Албанец да земам дел од неговите гени, затоа што имаме многу Албанци кои претендираат дека Наполеон бил Албанец. Да не сакате да создадеме билатерален проблем со Франција за ова, затоа што после ќе имаме и еден билатерален проблем за Корзика и ова никогаш нема да заврши. Ајнштајн бил Албанец, знаете ли? Ве молам, мора да бидеме сериозни. Секогаш доаѓа моментот за блокирање, оставете ги местата да се развиваат, оставете ги да ја работат својата работа, да научат како да ги градат институциите, оставете ги да направат се што треба з владеење на правото и демократијата. Потоа, кога доаѓа време за да станеш членка, да кажеш не дека не ми се допаѓа твоето име. Во најмала рака овозможете на една земја да функционира како земја членка на ЕУ, а потоа кажете дека не ви се допаѓа името, во ред, но не кога земјите имаат потреба од признавање, не кога имаат потреба од помош, не кога земјите имаат потреба од поддршка. Затоа што после ќе имате ситуација во која една земја, еден народ кој без дискусија 20 години е прозападен, про евроатлански ориентиран за да денес погледнете кој е на власт во Македонија, во Северна Македонија, не сакам после да ми се јави грчкиот колега да ми каже Македонија е Северна, благодарам“, изјави Рама.
Албанија денеска го отвори првиот т.н кластер на преговори за пристапување во ЕУ.
Следете не, не има насекаде