Паркови и зеленило информираше дека на Средно Водно е поставена нова ограда поради дотраеност на постоечката. Од таму апелираат до граѓаните да се однесуваат совесно кон парковската опрема и дрвените реквизити на Водно.
„Градот и претпријатието со брза реакција веднаш интервенираа откако дел од оградата беше уништена и урната со цел безбедно движење на посетителите во Парк шумата. Апелираме до граѓаните да се однесуваат одговорно кон парковската опрема и дрвените реквизити на Водно и да ја чуваат природата за која треба сите заедно да се грижиме“, се вели во соопштението.
Следете не, не има насекаде