октомври 16, 2024

Вечерва, по мостот Гоце Делчев на патот кон трговскиот центар Мавровка, сообраќајот е отежнат поради тешка сообраќајна несреќа.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 15.10.2024 година, околу 20:55 часот, на булевар „Гоце Делчев“ на раскрсницата со улица „Лазар Личеновски“.

Во несреќата учествувале два автомобили, „Шкода“ и „БМВ“, двата со скопски регистарски таблички. По сударот, возилото „Шкода“ се превртело и се запалило. Четири лица се пренесени во Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“ за укажување на медицинска помош.

Поради инцидентот, сообраќајот кратко време бил пренасочен, но моментално се одвива по една коловозна лента. На местото на несреќата присутни се полициски и амбулантни возила.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK