декември 23, 2024

Спектакуларен натпревар, во четвртото коло во групата А1 А, во Лигата на нации одиграа Полска и Хрватска. На националниот стадион во Варшава немаше победник, беше 3:3.

Полјаците поведоа веќе во петтата минута со голот на Пјотр Зелински, а потоа следеше силен одговор на Хрватите. Во периодот од 19. до 26. минута Хрватска постигна дури три гола, стрелци беа Борна Соса, Петар Сучиќ и Мартин Батурина.

Полјаците во последната минута од првото полувреме преку Никола Жалевски намалија на 2:3, а израмнија во 68. минута кога Себастијан Шимански ја затресе мрежата на гостите.

На 15 минути до крајот Хрватска остана со играч помалку поради исклучувањето на голманот Доминик Ливаковиќ, но успеа да спаси барем бод.

Во вториот натпревар од истата група, Шкотска и Португалија ремизираа без голови, 0:0.

Во групата 4, актуелните европски шампиони, Шпанците лесно се справија со Србија. Во Кордоба Шпанија победи со 3:0.

Шпанците победата ја најавија во петтата минута кога мрежата на Рајковиќ ка погоди Лапорт. Во второто полувреме Мората не реализираше пенал, неговиот удар заврши над голот.

Но, капитенот на Шпанците погоди во 66.минута, а конечните 3:0 ги постави Баена од слободен удар.

Швајцарија и Данска во Сент Гален ремизираа 2:2.

Домашниот тим во два наврати имаше водство, но на крајот мораше да се задоволи со првиот освоен бод во групата.

Швајцарците поведеоа во 26. минута со голот на Фројлер, а Данска израмни само минута подоцна преку Густав Исаксон.

Напаѓачот Зеки Амдуни им донесе нова предност на домаќините, која ја поништи Кристијан Ериксен.

The post (Видео) Хрватите испуштија два гола предност во Полска, Србија без шанси против Шпанија appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK