октомври 17, 2024

Четири лица се повредени во сообраќајната несреќа што се случи вчера кај мостот „Гоце Делчев“. Во несреќата едно од возилата се превртело и запалило. 

– На 15.10.2024 околу 20:55 часот е пријавено дека на булевар „Гоце Делчев“ на кракот со улица „Лазар Личеновски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа меѓу патничко возило „шкода” со скопски регистарски таблички и патничко возило „бмв” со скопски регистарски таблички. Возилото “шкода” се превртело и се запалило. Четири лица се пренесени во Клинички Центар „Мајка Тереза“ за укажување на помош. Сообраќајот беше пренасочен кратко време, информираше Министерството за внатрешни работи.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK