декември 22, 2024

Германскиот стручњак Томас Тухел е новиот селектор на Англија, потврдија Фудбалската асоцијација (ФА) на оваа земја.

Тухел договорот го потпишал на 8 октомври, а со работа ќе започне во јануари. Доаѓа во „пакет“ со асистентот Ентони Бери, а соработката ќе трае 18 месеци.

„Горд сум што ми беше дадена честа да ја водам репрезентацијата на Англија. Чувствував блиска поврзаност со играта во оваа земја и тоа веќе ми даде неколку неверојатни моменти. Можноста да работам со оваа посебна и талентирана група е возбудлива“, рече Тухел.

На таа позиција тој ќе го замени Герет Саутгејт, кој поднесе оставка по освоените два сребрени медали на Европските првенства (2021, 2024), бронза во Лигата на наци во 2019 година и четвртото место на Светското првенство во 2018 година .
Ли Карсли до неговото доаѓање ќе биде вршител на должноста селектор на Англија, а во првите четири натпревари забележа три победи и еден пораз против Грција.

Со Челзи, Тухел ја освои Лигата на шампионите, Светското клупско првенство и Суперкупот на Европа во 2021 година, со Пари Сен Жермен двапати ја освои француската лига (2019, 2020 година), додека со Баерн Минхен ја освои Бундеслигата во 2023 година.

Ова ќе биде третпат англиската репрезентација да ја предводи странец, по Швеѓанецот Свен Горан Ериксон и Италијанецот Фабио Капело.

Официјалната промоција Тухел ќе ја има во наредните денови.

Thomas Tuchel. Our #ThreeLions head coach from 2025.

— England (@England) October 16, 2024

The post Официјално: Тухел ја презеде Англија appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK