Примопредавање на возила од страна на РСБСП наменети за сообраќајната полиција
Денеска (16.10.2024) во кругот на Министерството за внатрешни работи, на министерот Панче Тошковски од страна на претседателката на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот Гордана Кожуваровска му беа предадени возила моторни возила наменети за модернизација на опремата на сообраќајната полиција. Две моторни возила се од типот Dacia Duster и четири моторни возила Dacia Sandero Stepway, произведени во 2024, опремени со полициски ознаки и со дополнителна опрема.
„РСПБСП во рамки на неговата законска надлежност во соработка со МВР, денеска овозможи да се зголеми обемот на возила којшто го имаме на располагање во министерството. Шесте возила ќе бидат користени во рамки на СВР Скопје во рамки на увидната екипа и сообраќајната полиција. Се надевам дека со тоа ќе ја зголемиме брзината на реакција во рамки на вршењето на увидните активности на ниво на градот Скопје. Во иднина преку РСБСП или други институции ќе бидат набавувани полициски обележени возила со цел нивна поголема видливост а со тоа и поголемо чувство на безбедност на граѓаните.“, потенцираше министерот Тошковски.
РСБСП ги набави возилата и опремата во согласност со обврската дел од овие средства да ги намени за набавка на опрема за осовременување на службите на МВР кои се грижат за безбедноста на сообраќајот, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Претседателката на РСПБС Кожуваровска истакна дека продолжува успешната соработка помеѓу РСБПС и МВР со заедничка цел унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата.
Следете не, не има насекаде