декември 22, 2024

Инспекторите за животна средина на Град Скопје денес открија и документираа случај на нелегално исфрлање и палење големи количини отпад на приватен имот во општина Бутел. Лицата С.М. од Бутел и М.Д., државјанин на Косово, биле затекнати во создавање на дива депонија, каде биле исфрлени големи количества метал, пластика и градежен шут. Град Скопје најави дека ќе поднесе кривична пријава согласно член 218 од Кривичниот законик, за предизвикување на значително загадување на воздухот, водата и почвата, со што се создава опасност за здравјето на луѓето, дело казниво со затвор од четири до десет години.

Овој случај е само еден од многуте инциденти на нелегално исфрлање отпад кои ги евидентираат градските инспектори. За време на викендот, комуналните и еколошките инспектори санкционирале над 20 лица, додека градот Скопје оваа година поднесе повеќе кривични пријави за слични случаи. Особено загрижува фактот што во овие инциденти често се исфрла опасен и канцероген отпад, како азбестни плочи, што претставува директна закана за животот и здравјето на жителите на Скопје.

Иако на територијата на Скопје има 14 институции кои се надлежни за ваквите случаи, Град Скопје е единствениот што активно реагира, додека останатите институции не постапуваат и покрај нивната законска обврска. Градот упатува апел до Владата и надлежните институции да преземат поодговорна улога во контролирањето и санкционирањето на нелегалното исфрлање на отпад, за да се заштити животната средина и здравјето на граѓаните.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK