Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ вчера на својот Инстаграм профил објави фотографии од неговата венчавка во матично.
Во три одделни објави сподели моменти од церемонијата, каде што се ожени со Исидора, неговата сопруга која е 24 години помлада од него.
„Со тебе можам да се венчавам секој месец“, напиша тој во описот на една од објавите, каде заедно позираат во лифт.
Исидора Мијановиќ за оваа пригода облече долг виолетов сатенски фустан, со виолетова јакна во слична боја и бели чевли, додека актерот избра црни панталони и бела кошула.
The post Сергеј Трифуновиќ и Исидора се венчаа кај матичар: Ова можам да го правам еднаш месечно appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде